
Синоќа, Мусиала повторно предизвика загриженост во светот на фудбалот, затоа што вторпат во само три дена изгуби свест на натпреварот на Баерн.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првпат ова се случи на „Алијанц Арена“ на пријателски натпревар против Лајпциг, и истата ситуација ја видовме и синоќа на натпреварот против Хајденхајм, само десетина минути откако Мусиала влезе во игра.
Веднаш стана јасно дека станува збор за здравствен проблем, а Мусиала се обрати синоќа за да објасни што всушност се случува.
“Ми дијагностицираа кратки, привремени епизоди на отсутност кои лесно се третираат, а се предизвикани од невролошка дисфункција. Ова може да доведе до моменти како што се случии во последно време, како против Лајпциг и Хајденхајм”.
Но, Мусиала јасно порача дека нема намера да се повлече, туку ќе продолжи да игра и е во постојана комуникација со медицинскиот тим.
Сепак, во Баерн се мошне загрижени поради сè што се случува, и германските медиуми наведуваат дека денес одржале состанок со Мусиала за да му стават до знаење дека е сосема во ред доколку треба да земе пауза од играње фудбал.
Баварците се свесни дека Мусиала би можел да се повлече ако овие проблеми продолжат и му го ставија на знаење дека тоа е во ред со нив и дека најважно е тој да е здрав.
Исто така, раководството на клубот од „Алијанц Арена“ му вети на Мусиала дека ќе го чекаат колку и да е потребно, ако се повлече, и дека ќе има договор со Баерн, па за финансии не треба да се грижи.