Дома Фудбал Барселона одлучи, ќе го засили нападот со нов напаѓач

Барселона одлучи, ќе го засили нападот со нов напаѓач

Деко ова лето направи неколку значајни трансфери за Барселона, а најголемата вест е пристигнувањето на Родри од Манчестер Сити што беше официјализирано синоќа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, до крајот на преодниот рок, главната цел на Барселона е да го засили нападот и веќе сите знаат дека првата желба беше доаѓањето на Џулијан Алварез.

Меѓутоа, Атлетико Мадрид е категоричен дека Алварез не е на продажба и денеска тоа му го соопштија на Барселона, па Деко сфати дека е време да се откаже од Аргентинецот и да се насочи кон резервни опции.

Една од тие опции е и младиот напаѓач Николо Тресолди кој игра одлично во дресот на Клуб Бриж и како сега што стојат работите, токму тој ќе биде новиот напаѓач на каталонскиот клуб.

Медиумите од Шпанија пишуваат дека Деко отпатувал во Белгија за да го заврши трансферот на Тресолди, за кого Барселона треба да плати над 30 милиони евра, а токму него го гледаат како инвестиција за иднината.

Тресолди со своите одлични настапи го привлече вниманието на многу клубови, но кога Барселона покуца на неговата врата, за него тоа беше крај на приказната и јасно порача дека сака да потпише за Каталонците.

Новинарот Жерард Ромеро објави вечерва дека Тресолди навистина е најблиску да биде ново засилување во нападот и дека Деко работи интензивно за да го реализира трансферот до крајот на неделата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Монако ја раскина соработката со Пол Погба

Фудбалскиот клуб Монако соопшти дека по договор го раскинал договорот со поранешниот франц…