
Фудбалскиот свет сериозно ја загрижи сцената од вечерниот пријателски натпревар меѓу Хајденхајм и Баерн затоа што Џамал Мусијала повторно ја загуби свеста и падна на теренот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова е втор пат такво нешто да му се случува на младиот играч на германскиот гигант, бидејќи истиот сценарист го видовме само пред три дена кога на Алијанц Арена
Мусијала влезе на теренот во 61. минута и само десетина минути подоцна настапи молк на стадионот кога се сруши на теренот.
Лекарскиот тим експресно втрча и му укажа помош на Мусијала кој успеа да се исправи и да го напушти теренот, но натпреварот не го продолжи.
Јасно е дека многумина се загрижени поради она што му се случува на Мусијала, поради што играчот на Баерн вечерва јавно се обрати и објасни што се случува.
“Прво и најважно – добро сум. Над сè, неверојатно сум благодарен за сите ваши пораки и поддршка. Разбирам дека многумина од вас се загрижени. Сакам да ги отргнам тие грижи и подетално да објаснам што се случува”, напиша Мусијала и продолжи.
“Ми се дијагностицирани кратки, привремени епизоди на отсутност кои лесно се лекуваат, а предизвикани се од невролошка дисфункција. Тоа може да доведе до моменти кои неодамна се случија, како овие против Лајпциг и Хајденхајм”.
“Знам дека на прв поглед можат да изгледаат застрашувачки, но за мене се едноставно дел од моето секојдневие. Во тој контекст, примам најдобра можна медицинска нега и многу сум оптимистичен. Баерн и луѓето кои ми се најблиски се секогаш со мене и ме поддржуваат на овој пат”.