
Од РБ Лајпциг се надеваат да го вратат напаѓачот на Милан, Кристофер Нкунку, објавуваат Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Идејата на “биковите” е да го ангажираат на позајмица со опција за купување. “Росонерите” не се согласуваат со ваков тип на зделка, а исто така бараат 35 милиони евра за Французинот.
Исто така, самиот Нкунку сѐ уште не е убеден дали сака да се врати во германскиот клуб, од каде веќе стапија во контакт со неговите претставници. Како што е познато, 28-годишниот играч мина четири сезони во Лајпциг од 2019 до 2023 година.
Според Саша Таволиери, напаѓачот е исто така цел на Галатасарај, кој веќе започна преговори со Милан. Николо Скира пак, пишува за интерес и од Премиер лигата и Саудиска Арабија.