Дома Фудбал Барселона се пофали со капитенот на Шпанија

Барселона се пофали со капитенот на Шпанија

т Барселона официјално го објави најголемиот трансферен удар за ова лето, а тоа е привлекувањето на играчот од средниот ред Родри, кој доаѓа со трансфер од Манчестер Сити.

Договорот е за 60 милиони евра и уште 16,5 милиони евра во форма на бонуси. Договорот на капитенот на Шпанија, кој ќе го носи омилениот број 16, е на четири години со плата од 15 милиони евра по сезона.

Така 30-годишниот Родри, кој претходно летово беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, ќе игра во трет различен клуб во својата родина по Атлетико Мадрид и Виљареал. Досега има вкупно 97 натпревари во Ла Лига со четири гола и пет асистенции.

Во летото на 2019 година, Сити плати на „јорганџиите“ 70 милиони евра за Шпанецот. Од тогаш наваму, одигра 298 натпревари со 28 погодоци и 32 асистенции за англискиот клуб. Понатаму, дефанзивниот играч за врска освои вкупно 13 трофеи со „граѓаните“: еден во Лигата на шампионите, четири во Премиер лигата, два во ФА Купот, три во Карабао Купот и по еден од Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал ја освои „Копа“, па порача: Трофејот требаше да заврши кај Кубарси!

Ѕвездата на Барселона по третпат го доби признанието за најдобар млад фудбалер, но во свој…