Дома Боречки спортови Спектакл, еве каде и кога ќе се борат Џошуа и Фјури

Спектакл, еве каде и кога ќе се борат Џошуа и Фјури

Конечно е постигнат договор за долгоочекуваниот боксерски дуел меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, кој официјално ќе се одржи на 20 ноември во култната арена Медисон Сквер Гарден во Њујорк.

По години неуспешни преговори и несогласувања, двајцата од најголемите британски тешкаши потпишаа договори за борбата која веќе се смета за најголемиот судир во современата историја на британскиот бокс.

Иако и двата табора сакаа мечот да се одржи во Велика Британија, финансиските услови го однесоа на американско тло, под капата на саудиските инвеститори.

Интересно е што мечот е планиран за петок вечер, за да се избегне преклопување со големите спортски случувања во Америка, додека точните времења, прилагодени за европската публика, сè уште се усогласуваат.

Официјалната промоција и спектакуларната најава на борбата ќе се случи кон крајот на август на едно од легендарните британски места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Лирија ја надмина тешката француска турнеја, во Париз ќе напаѓа бронза

Победата над Бонеуил луте ѝ донесе на Лирија место во дуелот за третото место во Франс про…