Дома Фудбал Маркус Рашфорд пред сензационално враќање во Барселона: Преговорите се во тек, легендата сака само на Камп Ноу!

Маркус Рашфорд пред сензационално враќање во Барселона: Преговорите се во тек, легендата сака само на Камп Ноу!

Англискиот репрезентативец и играч на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, може ова лето да се врати триумфално во Барселона, пренесуваат британските медиуми!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако минатата сезона ја помина на позајмица во Каталонија, каде што постигна 14 голови и забележа 14 асистенции во 49 натпревари, допринесувајќи за освојување на шампионската титула, Барселона не ја активираше клаузулата за откуп вредна 30 милиони евра. Сепак, вратите за негово враќање на Камп Ноу остануваат ширум отворени!

Иако се врати во редовите на Јунајтед и ја одработи подготовката под водство на Мајкл Карик, управата на Барселона останува во активни разговори со претставниците на овој англиски напаѓач.

Каталонскиот гигант сѐ уште не го завршил ангажманот во нападот, а откако преговорите со Атлетико Мадрид околу Хулијан Алварез стигнаа до ћорсокак, Рашфорд станува примарна цел на раководството на клубот.

За 28-годишниот напаѓач интерес покажаа Тотенхем, како и богати клубови од Турција и Саудиска Арабија. Меѓутоа, самиот играч нема намера да ја напушти големата петорка и е подготвен да ја чека понудата на Барселона до самиот крај на трансферниот период.

Во Манчестер Јунајтед сѐ уште се водaт дебати дали е најдобро да го задржат англискиот ас или да прифатат финансиски поволна понуда, доколку Барселона или некој друг европски гигант испрати официјален предлог.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл се пофали со еден од најдобрите босански фудбалери!

Амар Дедиќ е нов фудбалер на Њукасл Јунајтед. Босанскиот репрезентативец успешно го финали…