
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, не се продава и клубот нема никаква намера да се раздели со него, иако турскиот гигант Галатасарај покажува интерес.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информации во медиумите, тимот од Истанбул е подготвен да испрати понуда за 31-годишниот Португалец, кој има договор со “црвените ѓаволи” за уште една година, но Јунајтед има опција да го продолжи за уште една сезона.
Сепак, Ман Јунајтед нема да разгледува никакви понуди за својот талисман, кој беше избран за Играч на годината во Премиерлигата минатата сезона, откако го скрши рекордот за асистенции во првенството. Ослободувачката клаузула во неговиот договор во вредност од 57 милиони фунти, која беше валидна за странски клубови, веќе е истечена.
Во декември, Фернандеш откри дека се почуствувал „повредено“ кога минатото лето од Јунајтед му соопштиле дека е слободен да прифати поволна понуда од саудискиот клуб Ал-Хилал. Се тврди дека арапскиот тим бил подготвен да плати трансферска сума во износ од 100 милиони фунти.