Дома Фудбал Неочекувана трансфер приказна: Милан и понуди играч на Барселона

Неочекувана трансфер приказна: Милан и понуди играч на Барселона

Барселона е во потрага по нов напаѓач, а во таа потрага се појави име кое речиси никој не го очекуваше. Каталонскиот гигант би можел во завршницата на преодниот рок да направи прилично изненадувачки потег.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за Кристофер Нкунку, кој според наводите на „El Nacional“, го доби како опција откако Милан го стави на располагање на пазарот.

Французинот само минатото лето пристигна на Сан Сиро од Челси, но неговата состојба во Милан веќе значително се промени.

Барселона во овој момент бара решение во нападот, а Нкунку се појави како потенцијална опција која може да биде посебно интересна поради својата достапност и цена.

Спортскиот директор на каталонскиот клуб, Деко, според наводите на овој извор, не ја отфрли можноста за неговото доаѓање.

Напротив, Нкунку би можел да биде една од опциите на Барселона во завршницата на преодниот рок, особено ако клубот не успее да ги реализира своите примарни планови.

Неговата најголема предност во оваа приказна е фактот дека може да игра на повеќе позиции во офанзивниот дел од тимот.

Освен класичната напаѓачка позиција, Нкунку може да дејствува и зад напаѓачите или на крилните позиции, што би ѝ овозможило на Барселона дополнителна флексибилност.

Милан, од друга страна, е подготвен да ги слушне понудите за 28-годишниот Французин, откако беше одлучено дека би можел да го напушти клубот веќе ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гордон само што започна со подготовки во Барселона, а еден детал го остави Флик и неговите асистенти без зборови

Англискиот репрезентативец Ентони Гордон неодамна се приклучи на подготовките на Барселона…