Дома Фудбал Франк Кеси чека повик од Јувентус

Франк Кеси чека повик од Јувентус

Иднината на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Франк Кеси, е тесно поврзана со трансферните планови на Јувентус. Според „Тутоспорт“, играчот од средината има силна желба да го облече дресот на торинскиот гигант и да работи со тренерот Лучано Спалети, но за момент може само да чека.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако помеѓу Кеси и клубот веќе има постигнато спогодба, финализирањето на договорот целосно зависи од способноста на раководството на „бјанконерите“ да ослободи место во средниот ред.

Се тврди дека 29-годишниот фудбалер договарал тригодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона, на која ќе додадат и значителен бонус при потпишувањето.

Кеси е слободен агент, откако го прекина договорот со Ал Ахли. Ова му дава можност да се приклучи кон гигантот од Торино и да биде регистриран дури и откако трансферниот прозорец ќе биде затворен. Во меѓувреме, Јувентус интензивно работи на реализирање на неколку излезни трансфери.

Во овој период на очекување, Франк Кеси ќе одржува форма со индивидуални тренинзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неочекувана трансфер приказна: Милан и понуди играч на Барселона

Барселона е во потрага по нов напаѓач, а во таа потрага се појави име кое речиси никој не …