Дома Фудбал Алонсо нема долго да жали за Енцо, Челси веќе најде две одлични замени за Аргентинецот!

Алонсо нема долго да жали за Енцо, Челси веќе најде две одлични замени за Аргентинецот!

Манчестер Сити моментално е водечки кандидат за неговиот потпис, а Челси на заинтересираните клубови им постави рок до петок во 17 часот да постигнат договор за трансфер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако на Стемфорд Бриџ би сакале да го задржат Фернандез, клубот не сака да чека до последен момент и само тогаш да бара негова потенцијална замена.

Затоа, Сините веќе почнаа да работат на алтернативни решенија, а на нивниот радар се двајца играчи од средниот ред во Премиер лигата.

Како што наведува “TEAMtalk”, Челси обнови контакт со Борнмут за Алекс Скот, но и со Кристал Палас во врска со Адам Хартон.

Двајцата играчи веќе подолго време се под надзор на лондонскиот клуб, кој ги следи повеќе од една година.

Скот особено му е интересен на Челси, кој веќе се обиде да го доведе 22-годишниот играч од средниот ред. Борнмут минатиот месец ја одби нивната понуда, но интересот не исчезна.

Освен Челси, за Скот се распрашувале Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Сепак, ниту еден од големите клубови не успеал да го убеди Борнмут да се согласи на негова продажба.

Борнмут уште нема определено официјална цена за нивниот играч, но се верува дека понуда над 80 милиони фунти би можела да го натера клубот сериозно да размисли за трансфер.

Втората опција е Адам Хартон, играчот од средниот ред на Кристал Палас, кој Шаби Алонсо го цени многу. Шпанскиот стручњак добро ги познава неговите квалитети и смета дека би можел да биде идеално решение за средината на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ювентус испрати понуда за Емилијано Мартинез

Јувентус упати понуда за голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез. Понудата е со вкупна …