
Сопствениците на Ливерпул, Fenway Sports Group, официјално го објавија нивниот договор со инвеститорската група 1892 Holdings за стекнување на миноритарен пакет акции на клубот.
Според англиските медиуми, договорот е за 30% од акциите и изнесува 1,65 милијарди фунти (1,93 милијарди евра). Конзорциумот е предводен од поранешниот сопственик на Квинс Парк Ренџерс, Амит Батиа и семејството Митал, а меѓу главните инвеститори се основачот на Amazon и мултимилијардер Џеф Безос и коосновачот на Facebook, Едуардо Саверин. Батиа ќе стане потпретседател на Ливерпул, а во управниот одбор ќе влезат Елејн Саверин и Брајан Баум, кој ќе го претставува Безос. Главната власт ќе продолжи да остане во рацете на Fenway, а договорот нема да ја промени секојдневната работа на клубот.