
Барселона не се откажува од Родри. Манчестер Сити веќе одби две понуди од Каталонците, вклучувајќи ја и последната вредна околу 60 милиони евра, но „ЕСПН“ денес пишува дека Барселона подготвува нова подобрена понуда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сити сака повеќе за 30-годишниот шпански репрезентативец, додека Родри влегува во последната година од договорот.
Тренерот на Сити, Енцо Мареска, денес не сакаше да ги затвори вратите за неговото заминување и порача дека до крајот на преодниот рок „сешто може да се случи“.