Дома Фудбал Мурињо со строги правила ги „замрзна“ играчите на Реал – За многумина ќе биде вистински шок!

Мурињо со строги правила ги „замрзна“ играчите на Реал – За многумина ќе биде вистински шок!

Новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, одлучи да воведе строги правила на однесување меѓу играчите на Реал Мадрид и многумина од нив ќе бидат во шок поради тоа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Волунтаризмот во соблекувалната, но и надвор од неа, нема повеќе да се толерира. Секое прекршување на правилата ќе биде строго санкционирано.

Така, играчите на кралскиот клуб нема повеќе да можат да јадат што сакаат. Ангажиран е нутриционист кој ќе се грижи за секој оброк на дневна основа и нема да има исклучоци.

За доцнење на тренинг следува казна. Таа нема да биде финансиска, туку секое доцнење ќе биде казнето со самостојно тренирање во теретана. Никој нема да биде изземен од ова правило.

Повредените играчи повеќе нема да можат самоволно да бараат лекари низ целиот свет. Грижата за нив ќе се води внатре во тренинг-центарот и клубот ќе има преглед на состојбата на повредата на играчот во секој можен момент.

Жозе Мурињо реши целосно да ја заостри сликата на кралскиот клуб која дефинитивно се наруши во претходните две години. Играчите се подготвени за работа, а Специјалниот има јасна цел – освојување на трофеи.

Да потсетиме, Кралевите во претходните две сезони останаа без ниту еден трофеј. Тоа беше болен удар и едноставно мораа да најдат начин да се повторно издигнат од пепелта.

Таквиот пристап јасно покажува дека Мурињо од првиот ден сака да постави цврсти темели за работа на тимот. Во неговиот систем дисциплината не е споредна работа, туку еден од основните предуслови за сè што следи.

Реал Мадрид е клуб во кој очекувањата секогаш се мери по највисоки стандарди. Токму поради тоа, просторот за опуштање и импровизација нема да постои, независно од статусот и репутацијата на поединците.

Специјалниот преку кариерата изгради препознатлив начин на работа, заснован на јасна хиерархија и одговорност на секој член од тимот. Сега истиот модел го пренесува и во соблекувалната на Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Истанбул ќе биде домаќин на натпреварите за Суперкупот на Шпанија

Од Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) официјално објавија дека Истанбул ќе биде…