
Од Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) официјално објавија дека Истанбул ќе биде домаќин на три натпревари од мини-турнирот за Суперкупот на Шпанија. Тие ќе се одиграат помеѓу 2 и 7 февруари на Олимпискиот стадион “Ататурк”, каде што полуфиналните двобои ќе бидат Реал Сосиедад – Реал Мадрид и Барселона – Атлетико Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веста е одлична за македонските фанови на шпанските гиганти, кои би сакале да ги гледаат натпреварите во нашата јужна сосетка во живо. Како што е познато, последните години натпреварите за трофејот се одржуваа во Саудиска Арабија, но овој пат тоа нема да биде возможно поради тоа што државата е домаќин на купот на Азија во истиот период.
Сепак, во 2028 година натпреварите ќе се вратат во саудиската земја. Од РФЕФ открија дека примиле кандидати од седум различни држави во светот, но на крајот избраа за стадионот во турскиот мегаполис, кој го пречека финалето на Лигата на шампионите во 2005 и 2023 година.
Актуелниот носител на трофејот е Барселона, кое ќе учествува како шампион на Ла Лига, а нејзин натпреварувач е финалистот за Купот на кралот – Атлетико Мадрид. Во другото полуфинале се судрат носителот на Купот Реал Сосиедад и вицешампионот во првенството – Реал Мадрид. Сè уште не е познато кој од двата натпревара ќе биде на 2 февруари и кој – ден потоа, но сигурно е дека финалето ќе се одржи на 7 февруари.