Дома Фудбал Рејндерс го договори трансферот што ги шокираше сите: Манчестер Сити прифати 61 милион евра

Рејндерс го договори трансферот што ги шокираше сите: Манчестер Сити прифати 61 милион евра

Тијани Рајндерс е на чекор од трансферот од Манчестер Сити во саудискиот Ал Кација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според ексклузивни информации од Фабрицио Романо, сите страни постигнаа усмен договор околу трансферот, а Манчестер Сити ја прифати понудата вредна 61 милион евра.

Клубовите моментално разменуваат потребна документација, по што трансферот треба да биде официјално завршен.

Рајндерс денес не тренираше, бидејќи го чека летот за Саудиска Арабија каде што треба да ги заврши последните формалности и да го потпише договорот со Ал Кација.

Белгискиот играч за врска во Манчестер Сити пристигна од Милан, а сега е пред нов предизвик во Саудиска Арабија.

Многу малку луѓе, сепак, очекуваа дека Рајндерс по само една сезона ќе го напушти Манчестер Сити и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Холанѓанецот пристигна во Сити со големи очекувања, но неговиот престој на Етихад, изгледа, завршува многу порано отколку што некој можеше да претпостави.

Наместо да ја продолжи кариерата во еден од најголемите европски клубови, Рајндерс многу брзо ќе направи голем пресврт и ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Во минатата сезона холандскиот репрезентативец одигра 47 натпревари и постигна седум голови со исто толку асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Истанбул ќе биде домаќин на натпреварите за Суперкупот на Шпанија

Од Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) официјално објавија дека Истанбул ќе биде…