Дома Фудбал Деко сака да го зададе финалниот удар на трансфер пазарот за да ја засили Барса

Деко сака да го зададе финалниот удар на трансфер пазарот за да ја засили Барса

Барселона влегува во завршната фаза на трансферниот период, која би можела да биде многу динамична. Клубот очекува во наредните денови да ја финализира продажбата на неколку фудбалери, за да обезбеди значителни приходи и на тој начин да го зајакне плафонот на платите, што ќе овозможи регистрација на останатите играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јасната цел е да се привлече напаѓач, при што Хулијан Алварез останува главен приоритет, исто како и Родри и Кансело. Сепак, спортската управа работи и на друго засилување. Деко сака да потпише со централен дефанзивец од највисоко ниво со лева нога во последните денови од трансферниот период, ако финансиските средства го дозволуваат тоа. Тоа е одлука што ја има донесено пред неколку недели, иако предизвикала внатрешни дебати, тврди локалното издание “Спорт”.

Од почетокот на летото португалскиот спортски директор сметал дека централната ос на одбраната се потребува значително засилување. Поради оваа причина, тој се обидел да го привлече Алесандро Бастони од Интер, но на крај оваа опција беше отфрлена поради недостаток на спортски консензус и превисоката цена. Темата за централниот дефанзивец беше оставена на заден план, но заминувањето на Араухо повторно ја отвори оваа можност и во Барселона се решени да делуваат.

Барса веќе со денови го истражува пазарот за да го најде оној квалитетен играч кој ќе ја подигне класата на одбраната. Играч во стилот на Иниго Мартинез, кој би донел стабилност и непосредни резултати и би се вклопил во ризичниот стил на игра на Ханзи Флик. Ова не е лесно, бидејќи централните дефанзивци со лева нога се многу барани на пазарот, а цените се исклучително високи. И тука Барса бара добра инвестициска можност.

Во последните часови се појави и името на Кастело Лукеба, централен дефанзивец на Лајпциг, кој е бил следен одблизу од скаутите на Барса целата година. Станува збор за играч во очевиден подем, со добро изведување на топката и голема физичка сила. Ханзи Флик има добри извештаи за него и тој секогаш бил во список на Барса, иако тука ќе биде потребна сериозна финансиска инвестиција за неговото доведување на краток рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал доби рекордна понуда, Артета сè уште не одлучил

Галатасарај испратиле значајна понуда со вредност над 38 милиони фунти за крилниот играч н…