Дома Фудбал БУРНО ВО БАРСЕЛОНА: Незадоволство во соблекувалната, неколку играчи тренираат одделно!

БУРНО ВО БАРСЕЛОНА: Незадоволство во соблекувалната, неколку играчи тренираат одделно!

Тензична атмосфера владее во Барселона откако неколку фудбалери се одвоени од првиот тим и тренираат одделно, додека клубот работи на нивно заминување, пренесува „Sport“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите, меѓу играчите кои се најдоа во оваа ситуација е и Пау Кубарси?

Најголемо внимание предизвикува случајот со Марк Касадо, кој заедно со уште неколку фудбалери е одделен од главната група. Одлуката на клубот наводно предизвикала големо незадоволство кај играчите, кои не се согласуваат со начинот на кој Барселона се обидува да ги реши нивните иднини.

Барселона во моментов активно работи на трансферите и заминувањата на дел од фудбалерите, а тренингот одделно се гледа како дополнителен сигнал дека тие повеќе не се дел од плановите за првиот тим.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо исто така ја објави информацијата, нагласувајќи дека играчите се бесни поради одлуката на клубот.

Ситуацијата доаѓа во чувствителен момент за Барселона, која се обидува да го комплетира составот и да го намали бројот на играчи пред почетокот на новата сезона.

Одделувањето од првиот тим може дополнително да ја влоши атмосферата во соблекувалната, особено доколку фудбалерите не успеат брзо да пронајдат нов клуб.

Во наредните денови се очекува Барселона да продолжи со преговорите за нивните трансфери, а останува да се види дали ситуацијата ќе биде решена мирно или ќе прерасне во нов проблем за каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ултиматум: Челси му даде рок на Манчестер Сити за Енцо Фернандез!

Фудбалскиот клуб Челси го постави конечниот рок за трансферот на Енцо Фернандез во Манчест…