
Од Јувентус планираат за денеска средба со претставниците на голманот на Парма Зион Сузуки во врска со можноста тој да игра како позајмен од Пари Сен Жермен во торинскиот гигант во новата сезона, соопштува Николо Скира.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ромео Агрести додава дека вчера исто така имало контакти помеѓу Јуве и ПСЖ во врска со оваа опција. Се смета дека францускиот шампион е подготвен да го испрати чуварот на мрежата на позајмица во „Старата дама“ по официјализирањето на неговото купување во наредните денови.
Како што е познато, паризњаните го претекнаа токму „бјанконерите“ за потписот на јапонскиот репрезентативец, договорувајќи се со Парма да платат вкупно 35 милиони евра. Сепак, привлекувањето на 23-годишниот Сузуки е со мисла за иднината и токму затоа тој може да заигра во Јувентус, каде што би бил прв голман.