
Најпознатиот фудбалски инсајдер навестува дека по завршувањето на тековниот трансфер период веројатно повеќе нема да работи на истиот начин. Не најави изрично повлекување, но порача дека е време за промена на пристапот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фабрицио Романо повеќе од една деценија е едно од најпрепознатливите имиња на фудбалскиот трансфер пазар. Неговата позната фраза „Here we go“ стана своевидна потврда за завршен трансфер. Меѓутоа, начинът на работа што го прослави наскоро би можело да стане дел од историјата.
Италијанскиот новинар со објава на LinkedIn навести голема промена во кариерата. Тој откри дека веројатно нема долго да ги следи трансферите на начинот на кој тоа го правеше претходните години. Повеќе детали вети по затворањето на летниот трансфер пазар.
„Веројатно нема долго да продолжам да работам во индустријата на трансфери на начинот на кој работам сега. Време е да го променам пристапот и погледот кон сè. Сепак, тоа ќе биде тема за некое друго време, по завршувањето на трансфер периодот“, порача Романо.
Неговите зборови веднаш привлекоа огромно внимание кај фудбалската јавност. Некои медиуми ги протолкуваа како најава за целосно повлекување, додека други веруваат дека Романо само сака да го промени начинот на презентирање на информациите. Тој не рече изрично дека завршува со новинарската кариера ниту пак дека целосно го напушта следењето на трансферите.