Дома Фудбал Леао директен, јасно кажа што сака во својата иднина!

Леао директен, јасно кажа што сака во својата иднина!

Долгогодишниот играч на Милан, Рафаел Леао, повторно се најде на мета на шпекулации овој приоден рок, откако се почесто се поврзува со трансфер во Галатасарај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако има договор со седумкратниот европски првак до летото 2028 година, секој трансфер период се излегуваат на виделина нови информации за негово заминување.

Со цел да стави крај на шпекулациите, Леао одлучи да се обрати на Инстаграм, каде со многу директен пристап објасни кои критериуми ќе ги следи при изборот на нов клуб.

“Моите приоритети се само на теренот. Се посветувам максимално и на секој натпревар и на секој тренинг. За да избегнам какви било неточни информации и гласини, сакам да истакнам дека управувањето со сите мои интереси веќе долго време е во рацете на моето семејство и адвокати. Никој друг нема овластување да зборува во мое име. Мојот фокус е на идните предизвици”, напиша Леао на познатата социјална мрежа.

Да потсетиме, Леао не се истакна во предсезоната на Милан, што многумина го толкуваа како знак дека “со мислите” веќе е во друг клуб, но вистината изгледа е сосема поинаква.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Фабрицио Романо заминува во историјата!?

Најпознатиот фудбалски инсајдер навестува дека по завршувањето на тековниот трансфер перио…