Дома Фудбал Jамал утре почнува со припреми, а вечерва ќе прави голема забава!

Jамал утре почнува со припреми, а вечерва ќе прави голема забава!

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, вечерва организира роденденска прослава за својот 19-ти роденден, пренесува El Espanol.

На овој ексклузивен настан се очекуваат над сто гости и големи имиња.

Шпанскиот репрезентативец за оваа посебна прилика го избра историскиот имот Mas de Sant Llei, сместен во близина на Барселона.

Младиот фудбалер го изнајмил овој луксузен комплекс за да го одбележи својот славенички ден во кругот на семејството и пријателите.

Организацијата на настанот привлече големо внимание од медиумите, па се очекуваат многу познати личности од светот на спортот и забавата.

Сепак, прославата нема да трае долго бидејќи талентираниот крилен играч веќе наредниот ден го очекуваат професионални обврски.

Помалку од 24 часа по славјето, Јамал треба да биде на тренинг-центарот Ciutat Esportiva за почеток на летните подготовки.

И покрај густата агенда, големата млада надеж на шпанскиот фудбал успеа да најде начин на повеќе од впечатлив начин да влезе во својата нова животна година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тадиќ и НЕК Најмеген извлекоа бод против Ајакс

Душан Тадиќ и неговиот тим НЕК Најмеген успеаја да извлечат реми против Ајакс во Амстердам…