
Легендарниот англиски напаѓач Џејми Варди е блиску до сензационално враќање на Островот, затоа што за неговите услуги е сериозно заинтересиран Вест Хем.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот 39-годишен голгетер, кој во 2016 година ги водеше „Лисиците“ од Лестер до историската титула во Премиер лигата, моментно е слободен играч откако му истече договорот со италијанскиот Кремонезе.
Учинокот од седум гола на 29 натпревари во Серија А не беше доволен за да го спаси клубот од испаѓање, но Варди не планира да се пензионира.
Лондонските „Чеканџии“ се подготвуваат за предизвиците во Чемпионшипот по испаѓањето од Премиер лигата и бараат проверено решение во нападот.
Како што пренесуваат островските медиуми, менаџерот Нуно Еспирито Санто инсистира на доведување на искусниот Џејми Варди и покрај тоа што Вест Хем веќе го има Пабло и Тати Кастељанос во нападот, како и капитенот Џарод Боуен.
Пред Вест Хем да се вклучи во трката, медиумите интензивно шпекулираа за емоционалното враќање во Шефилд Венздеј – клубот во кој Варди ги направи првите фудбалски чекори пред да биде отпишан како дете.