Дома Фудбал Арсенал ја одреди цената за шпанскиот репрезентативец: Реал и Челси го сакаат

Арсенал ја одреди цената за шпанскиот репрезентативец: Реал и Челси го сакаат

Шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди би можел во овој преоден рок да ги напушти редовите на Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако пристигна во Арсенал пред само една година, се повеќе се шпекулира за заминувањето на Зубименди од редовите на актуелниот англиски шампион.

Најмногу интерес за неговите услуги има Реал, но и лондонски Челси би го сакал во своите редови.

Но, се разбира, последниот збор го има Арсенал со кого светскиот првак има договор, но најновите информации велат дека Арсенал нема ништо против неговата продажба, особено откако го доведоа Бруно Гимараеш во своите редови.

Сепак, Арсенал нема да го пушти Зубименди под цената. Островските медиуми пишуваат дека клубот што го сака ќе мора на сметката на Арсенал да уплати околу 90 милиони евра.

Го платија на Реал Сосиедад околу 70 милиони, беше важен дел од машината која ја освои титулата на Англија и во случај на продажба Арсенал би профитирал.

Инаку, Зубименди во минатата сезона за Арсенал одигра вкупно 57 натпревари во сите натпреварувања. Постигна шест голови и имаше една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мaреска за 100 милиони евра го доведува “чудото од дете”!

Манчестер Сити е блиску до реализација на голем трансфер и доведување на еден од најталент…