Дома Фудбал Шок на тренингот на Барселона: Се слушна врисок, а потоа со солзи го напушти теренот

Шок на тренингот на Барселона: Се слушна врисок, а потоа со солзи го напушти теренот

Шпанските медиуми објавија дека на утринскиот тренинг на Барселона, еден од играчите доби повреда на коленото поради што со солзи го напушти теренот.

Играчите на Барселона со полн напор се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово во својот тренинг центар одработија нов тренинг, но истиот заврши на најлош можен начин.

Шпанските медиуми пишуваат дека еден од играчите на Барселона заработи тешка повреда на коленото и дека станува збор за Руни Барџи.

Според првичните информации што пристигнуваат од Барселона, изгледа дека Руни доби повреда на лигаментите на коленото и веќе е јасно дека Швеѓанецот ќе има долга пауза.

Руни по еден дуел извика и остана да лежи на теренот каде му беше укажана медицинска помош. Сето тоа траеше повеќе од десет минути, а на крајот Руни со солзи го напушти теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дибала пред враќање, но Рома со Мора и Суле ќе го нападне Каљари

Рома се подготвува за промени во одбраната, а Дибала се очекува на клупата по повредата. К…