Дома Фудбал Фергусон: Мурињо требаше да ме наследи, ми се јави на телефон и плачеше

Фергусон: Мурињо требаше да ме наследи, ми се јави на телефон и плачеше

Жозе Мурињо ги потврди долгогодишните гласини: во 2013 година се согласи да го наследи Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, но во последен момент се премисли и се врати во Челси. Откритието е дел од новата документарна серија за неговата кариера, која се прикажува на Нетфликс од 11 август.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Кога заминав од Реал Мадрид, веќе имав потпишано договор со Манчестер Јунајтед како наследник на Сер Алекс”, открива Мурињо во серијалот. Фергусон, кој во своите 26 години на Олд Трафорд освои 13 наслови првак пред да се повлече во 2013 година, ја потврди неговата приказна.

„Да, му беше понудена работата”, вели Фергусон. “Седнавме и му ја објаснив ситуацијата. Што се однесува до мене, тој ја прифати понудата и требаше да ме наследи. А потоа, во рок од неколку часа, се промени сѐ.” Пресвртот настанал затоа што Мурињо, како што вели, не можел да го одбие враќањето во Челси, клуб со кој во 2005 и 2006 освои последователни титули првак на Англија.

„Една вечер ме повика, плачеше. Ми рече: ‘Алекс, не можам да го прифатам тоа. Дадов збор на Челси и нема да го изневерам'”, раскажа бившиот менаџер на Јунајтед. „Ги разбрав неговите причини, но бев разочаран.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато колку има добиено љубовницата на Џани Инфантино од УЕФА

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, си копа сѐ подлабока дупка, бидејќи наводно имал љу…