Дома Фудбал Мурињо: Несреќникот ни дојде неподготвен во Мадрид

Мурињо: Несреќникот ни дојде неподготвен во Мадрид

Жозе Мурињо не ги штедеше зборовите по дебито на Бернардо Силва за Реал Мадрид, особено кога станува збор за физичката подготвеност на португалскиот играч за средина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Силва летово пристигна во Реал Мадрид како слободен играч, откако му истече договорот со Манчестер Сити, и во саботната победа против Ференцварош (2:1) ги запиша првите минути во дресот на „кралскиот клуб“.

Португалскиот репрезентативец го помина второто полувреме на терен, но Мурињо имаше јасна забелешка за неговиот перформанс.

Тренерот на Реал Мадрид истакна дека Силва за време на одморот недоволно работел на физичката подготовка, поради што на почетокот на подготовките пристигнал во лоша состојба.

„Тој е извонредно важен играч, но спаѓа меѓу оние кои за време на одморот ментално потполно се исклучуваат и не прават ништо. Несреќникот поради тоа на подготовките пристигна во прилично лоша физичка форма”, рече Мурињо за Реал Мадрид ТВ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер од 150 милиони евра: Играчот се согласи, а сега Ливерпул тргна на сè или ништо

Иако досегашниот дел од преодниот рок ни донесе навистина неколку звучни трансфери, се чин…