
Дошан Влаховиќ стои пред одлука за понатамошната кариера, а како една од најсериозните опции во овој момент се јавува Бешикташ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите од Газета дело спорт, турскиот клуб му доставил конкретна понуда на српскиот напаѓач која подразбира четиригодишна соработка со годишна плата од околу 10.000.000 евра нето. Во предлогот на договорот има и бонус од дополнителни 10.000.000 евра за потпис, што целата сума ја доведува до износ од цели 50.000.000 евра.
Бешикташ претходно стапил во контакт со таткото на Влаховиќ, Милош, а преговорите треба да продолжат во наредниот период и околу бонусите кои би зависеле од индивидуалниот учинок на фудбалерот, како и резултатите на екипата.
Влаховиќ го заврши летово соработката со Јувентус и моментално е слободен играч, а иако за време на трансфер периодот имаше интерес од повеќе клубови, досега не добил конкретна понуда која би го однела во една од најсилните европски лиги.
За 26-годишниот напаѓач претходно интерес покажаа Интер, Милан и Наполи, додека како потенцијални опции се спомнуваа и Челзи и Манчестер јунајтед. Арсенал, кој сериозно ја разгледуваше можноста за негов ангажман, во меѓувреме се повлече од трката.
Италијанските медиуми наведуваат дека српскиот репрезентативец првично сакал да ја почека понудата од една од петте најсилни европски лиги, но отсуството на таков ангажман ја променило ситуацијата.
Дополнителен аргумент во корист на заминувањето во Истанбул е тренерот на Бешикташ, Винченцо Италијано, кој италијанскиот стручњак веќе соработувал со Влаховиќ во Фиорентина и имал значајна улога во неговиот развој пред трансферот во Јувентус.