Дома Фудбал Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед

Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед речиси две години по неговиот последен натпревар за клубот. 28-годишниот напаѓач е дете на “црвените ѓаволи” и има 426 натпревари за тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговата кариера на “Олд Трафорд” изгледаше завршена и тој играше под наем во Астон Вила и Барселона. Каталонците, сепак, одбија да ја искористат клаузата за купување, и покрај тоа што беа задоволни од неговата игра.

Денес Рашфорд се појави на тренинг центарот на Ман Јунајтед, за да се приклучи на предсезонските подготовки на тимот. Тој доби подолг одмор по учеството на Светското првенство во текот на летото. На Карингтон го дочекаа неколку навивачи на тимот и тој застана да ги поздрави и да се фотографира со нив.

Вчера Мајкл Карик потврди, дека Рашфорд ќе учествува во следниот дел од подготовките на тимот. Се очекува менаџерот да му даде можност на Маркус да се бори за место во составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пакет од 50.000.000 евра, Дошан Влаховиќ подготвен за потпис?

Дошан Влаховиќ стои пред одлука за понатамошната кариера, а како една од најсериозните опц…