Дома Фудбал Бразилски фудбалер за малку не настрада поради невнимание откако даде гол

Бразилски фудбалер за малку не настрада поради невнимание откако даде гол

Капитенот на бразилскиот Коритиба, Жаси Марањао, доживеа чуден инцидент за време на натпреварот против Шапекоензе, кој постојано се врти на социјалните мрежи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Коритиба победи со 2:1, но главната тема на натпреварот беше инцидентот со нивниот капитен. Во крајот на првото полувреме, тој даде гол со глава и во полна еуфорија истрча за да слави со навивачите. Го прескокна рекламното табло, но во прилив на адреналин не забележа дека веднаш зад него има дупка – патека која води кон соблекувалната на гостите.

Откако буквално се стркала низ влезот, следуваше нов студен туш. Играчот се исправи и продолжи со славјето, но штом се врати на теренот, виде дека голот е поништен поради офсајд. Во тој момент го надминаа и емоциите и болката од падот, па легна на тревата барајќи медицинска помош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед речиси две години по неговиот последен натпр…