Дома Фудбал Звезда на Реал зборува за тоа како е да се работи со Мурињо: Зборовите одекнаа низ Шпанија

Звезда на Реал зборува за тоа како е да се работи со Мурињо: Зборовите одекнаа низ Шпанија

Португалскиот стратег Жозе Мурињо по втор пат го презеде Реал Мадрид, а фудбалерите на “кралскиот клуб” полека се навикнуваат на неговата работа.

Враќањето на Специјалниот во Мадрид предизвика многу внимание во фудбалскиот свет, а особено внимание привлекува она што се случува во соблекувалната на “кралскиот клуб”.

Еден од најдобрите тренери на сите времиња веднаш го наметна својот начин на работа и играчите сега се привикнуваат на новото секојдневие.

А, како е да се работи со Мурињо за шпанските медиуми истакна капитенот на Реал Федерико Валверде.

“Искрено, не очекував дека Мурињо ќе биде ваков. Многу е близок со тимот. Понекогаш е навистина тешко со него, но мислам дека тоа е она што може да ги натера играчите да бидат подобри”, истакна Валверде.

Инаку, Мурињо е познат по тоа што многу брзо воспоставува авторитет во соблекувалната и од првиот ден се обидува да ја подели одговорноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ го избра својот фаворит за „Златната топка“

Меѓу фудбалерите кои се најчесто спомнувани, името на Ламин Јамал е сè почесто истакнато, …