Дома Фудбал Одењето на Араухо го натера Флик на итен потег, дури и управата на клубот е изненадена

Одењето на Араухо го натера Флик на итен потег, дури и управата на клубот е изненадена

Одењето на Роналд Араухо во Ливерпул ги наруши плановите на Барселона пред започнувањето на новата сезона. Уругваецот за време на подготовките имаше важна улога во тимот на Ханзи Флик, но по разговорот со германскиот стручњак сфати дека местото во стартниот состав не му е загарантирано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Араухо побара од Флик јасна слика за својата ситуација, а тренерот му призна дека е задоволен од неговите односи и работата, но не може да му ветува статусот на првотимец.

Во конкуренција за местото во централниот дел на одбраната моментално се наоѓаат Пау Кубарси, Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Жерард Мартин, кој според плановите на Флик во иднина треба да игра исклучиво на позицијата стопер.

Таквата ситуација го наведе Араухо да побара нов клуб, а Ливерпул брзо реагираше и го договори неговиот трансфер.

Иако заминувањето на искусниот Уругваец остави одредена празнина во одбраната, Барселона засега не планира веднаш да донесе нова ѕвезда на таа позиција.

Според информациите што доаѓаат од Шпанија, Флик и спортскиот директор Деко одлучија да го забрзаат развојот на младиот Алваро Кортес.

Дваесет и едно годишниот дефанзивец веќе дебитираше за Барселона минатата сезона, кога на 14 мај играше против Алавес. Особено внимание привлече со настапот на позицијата лев стопер.

Кортес потоа остави многу добар впечаток за време на овогодинешните подготовки. Флик е задоволен од неговиот напредок и смета дека младиот Шпанец би можел да добие многу поголема улога од првобитно планираното.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку заминува, Наполи носи замена од Арсенал

Ромелу Лукаку ќе го напушти Наполи во наредните денови. Како ПАМЕТНО да типувате на World …