
Поранешниот УФЦ шампион Конор Мекгрегор денеска објави преку социјалните мрежи дека успешно бил опериран откако го скинал менискусот и предниот вкрстен лигамент на коленото.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ирецот објави видео во кое потврди дека операцијата помина без компликации и истакна дека веќе започнал со процесот на опоравување. Неговата цел е да се врати во октогонот за последната борба од актуелниот договор со УФЦ за време на Меѓународната недела на борби во лето 2027 година.
“Коленото е средено, операцијата беше успешна и веќе сум на патот на опоравување. Наоѓам инспирација во луѓето како Доминик Круз, кој повеќепати се враќаше по тешки повреди и повторно го освојуваше појасот, како и Жорж Сен-Пјер, кој по две повреди на вкрстените лигаменти продолжи да постигнува неверојатни нешта. Тука се и Том Брејди и други спортисти кои покажаа дека враќањето е возможно. Мојот менталитет е незапирлив и несрушлив”, порача Мекгрегор.
Со 38 години, некогашната најголема ѕвезда на УФЦ сака уште еднаш да се врати во октогонот и да ја заврши својата авантура во организацијата со победа, иако многумина сметаат дека тоа ќе биде исклучително тежок задачата.