
По доаѓањето во Реал Мадрид, Жозе Мурињо ја анализираше ситуацијата и веднаш спроведе промени. Заклучи дека на клупскиот центар Валдебебас му се потребни построги правила и негов личен печат, па ја укина досегашната слобода што ја имаа играчите во организирање на секојдневието. Воведува построга контрола врз сите аспекти кои влијаат на формата на играчите, од исхрана и опоравок до точноста при доаѓање во кампот, известува „АС“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговиот пристап не се заснова на сила, туку на одлучност и јасни принципи, сметајќи дека сплотеноста е клучна. Тоа го покажува и неодамнешната клупска фотографија на која целата екипа и стручниот штаб заедно ручаат во Валдебебас, што претходно не беше практика. Португалецот верува дека ваквата рутина е клучна за изградба на тимски дух, исто како што практикуваше и во Бенфика.
Извори од клубот велат: „Сака да поттикне заедништво и единство и засега тоа изгледа ветувачко“. Друг извор додава дека „атмосферата е многу добра“. Ваквите пораки се сметаат за значајни, посебно по напнатата завршница од минатата сезона.
Одлучноста на Мурињо особено се гледа во новиот режим на исхрана. Нутриционистот повеќе не е само советник, туку личност која пропишува строги менија за доручек и меѓуоброци. Сè е насочено кон постигнување на врвни резултати, без простор за индивидуални желби. Со тоа е укината слободата на играчите при изборот на оброци, што, според информации, не наиде на отпор во соблекувалната.
Ниту новите правила за казнување не предизвикаа незадоволство. Недисциплината повеќе не се казнува финансиски, туку играчот кој прекрши правило мора да изврши индивидуален тренинг во теретана, одвоен од тимот. Правилото налага дека сите играчи мора да бидат во Валдебебас еден час пред почетокот на тренингот, а задоцнувањето следи казна. Истото правило важи за сите, без оглед на статусот на еден играч во тимот.
Промени се воведени и во процесот на опоравок од повреди, кој сега се одвива исклучиво во клупскиот центар. Играчите кои се во процес на опоравок, дури и ако соработуваат со приватни тренери, мора да престојуваат во Валдебебас и наутро и попладне.
Повеќе не се дозволени одласци на третмани надвор од клубот, бидејќи целиот процес се води во согласност со клупската медицинска служба. Со тоа опоравокот престанува да биде индивидуално прашање на играчите и доаѓа под построг надзор од клубот. За Жозе Мурињо, високите стандарди се применуваат на секој аспект од професионалниот живот, а не само на теренот.