
Јувентус започна разговори со Манчестер Јунајтед за ангажирање на холандскиот напаѓач Џошуа Зиркзее, кој се нуди како потенцијална замена за Душан Влаховиќ во нападот на “старата дама”.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите на италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, преговорите меѓу двата клуба се во тек, а англискиот гигант е се поблиску да го испрати 25-годишниот фудбалер на едногодишна позајмица.
Сепак, не се сите извори согласни околу условите на можниот трансфер. Додека Ди Марцио спомнува дека позајмицата е најреална опција во моментов, познатиот инсајдер Матео Морето тврди дека Манчестер Јунајтед сè уште инсистира на трајна продажба или позајмица со обврзувачки откуп на договорот по завршетокот на сезоната.
Зиркзее минатото лето пристигна на “Олд Трафорд” од Болоња со големи очекувања, но не успеа да се избори за позначајна улога во тимот. Токму поради тоа се почесто се зборува за негово заминување, додека Јувентус внимателно ја следи ситуацијата и го гледа како едно од главните решенија доколку Влаховиќ замине од Торино ова лето.