Дома Фудбал Барселона подготвува „кражба на векот“: Деко не беше во Мадрид само поради Алварез

Барселона подготвува „кражба на векот“: Деко не беше во Мадрид само поради Алварез

Спортскиот директор на Барселона, Деко, престојуваше во Мадрид каде што се состана со агентот на Хулијан Алварез, но тоа не беше единствениот состанок кој го имал бидејќи протекоа детали за „кражбата на векот“ која Каталонците се обидуваат да ја изведат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Деко досега во преодниот рок успеа без многу фама да ги заврши трансферите на Ентони Гордон и Карим Адајеими, што беше доста изненадувачки затоа што за нив воопшто не се дискутираше.

Меѓутоа, познато е дека главната цел е доаѓањето на напаѓач и не е тајна дека прв на листата на приоритети е Хулијан Алварез. Проблемот е што Атлетико Мадрид не сака да го пушти иако Барса понуди 100 милиони евра.

Поради тоа, Деко патуваше пред два дена во Мадрид каде што имаше состанок со агентот на Алварез, и направија нов план околу трансферот со оглед на тоа што и Аргентинецот силно сака да премине во Барселона.

Но, како што објавија медиумите во Шпанија, вториот состанок на Деко во Мадрид бил, наводно, со претставници на Родри кој исто така е на радарот на Барселона.

Веќе неколку недели се пишува дека Родри оди во Реал Мадрид и дека се е завршено, но кога Барселона се вклучи во приказната, работите малку се искомплицираа. Каталонците, по повредата на Де Јонг, сакаат да го засилат средниот ред и токму Родри им е прва желба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фотографија од авион ги воодушеви навивачите на Реал: Стигнува во Мадрид за потпис на договор

Навивачите на Реал Мадрид можат да започнат со славење бидејќи трансферот на Јан Диоманд е…