Дома Фудбал Шпанија „трепери“ поради нешто што се чекаше со недели: Винисиус Жуниор одлучи!

Шпанија „трепери“ поради нешто што се чекаше со недели: Винисиус Жуниор одлучи!

Челниците на Реал Мадрид и Винисиус Жуниор вчера одржаа состанок за продолжување на договорот, а шпанските медиуми утрово објавуваат дека Бразилецот ја донел конечната одлука за продолжување на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе неколку недели Винисиус Жуниор е една од главните теми во фудбалската јавност откако се појави информација дека постои голема можност ова лето да го промени клубот.

Винисиус има договор со Реал Мадрид уште една година, а познато е дека преговорите за продолжување на соработката не одат најдобро веќе неколку месеци.

Во целата приказна се вклучи и Арсенал кој подготви огромна понуда за Винисиус и во случај тој да не го продолжи договорот со Кралевите, јасно е дека лондонскиот клуб речиси сигурно ќе биде неговата следна дестинација.

Главниот проблем во преговорите со Реал е паричниот надомест, бидејќи Винисиус бара многу поголема плата отколку што му е понудено, но изгледа дека успеале да најдат заеднички јазик.

Винисиус вчера имал состанок со челниците на Реал Мадрид и му е понуден петгодишен договор со годишна заработка од околу 24 милиони евра, што е помалку од она што го бара, но изгледа е свесен дека неговите услови нема да бидат исполнети во таа смисла.

Шпанските медиуми утрово објавија дека состанокот поминал многу добро и дека Винисиус веќе ја донел одлуката.

Без разлика што Арсенал му нуди огромни пари за доаѓање на Емиреитс изгледа дека Винисиус ќе остане во Реал и шпанските медиуми утрово објавија дека тој се согласил да потпише нов договор со Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ВИДЕО) Голема трагедија: Гром усмрти фудбалери, а уште 12 се повредени

Страшна трагедија се случи во Тајланд за време на еден фудбалски турнир. Млад фудбалер поч…