Дома Фудбал Додека Реал го чека Винисиус, Перез го заврши најскапиот трансфер во историјата!

Додека Реал го чека Винисиус, Перез го заврши најскапиот трансфер во историјата!

Винисиус Жуниор денеска имаше преговори со водењето на Реал Мадрид и додека се чекаат вести од тој состанок, пристигнуваат детали околу Јан Диоманде.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите од Скај спорт, РБ Лајпциг конечно ги прифати сите детали и понудата на Реал Мадрид, која ќе изнесува помеѓу 130.000.000 и 140.000.000 евра.

Во превод, Реал Мадрид ќе направи рекордно засилување, бидејќи ќе плати повеќе за репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска отколку за Џуд Белингем.

Англичанецот досега го држеше рекордот, бидејќи Реал Мадрид за него плати 127.000.000 евра на Борусија Дортмунд, а следеше Еден Азар (120.000.000). 

Диоманде уште минатата недела ги договори сите лични услови, одби и ПСЖ и сите англиски клубови, веднаш штом стигна поканата од Реал Мадрид.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има стрмоглавен подем до ѕвездите, бидејќи најпрвин играл за Леганес, а потоа летото 2025 година премина во РБ Лајпциг за 20.000.000 евра. Во првата сезона во Бундеслигата експлодираше, за РБ Лајпциг даде 13 голови и додаде уште 10 асистенции на 36 натпревари. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претседател на гигант ги потврди преговорите со Душан Влаховиќ

Душан Влаховиќ нема да остане во Јувентус, ниту во Италија, тоа сега е сигурно. Како што с…