Дома Фудбал Добри вести: Окото на Ван Перси е во ред!

Добри вести: Окото на Ван Перси е во ред!

Поранешниот холандски репрезентативец, Робин Ван Перси се чувствува добро и видот не му е загрозен, откако го повреди левото око на натпреварот помеѓу Фенербахче и Акхисар.

„Ван Перси доби силен удар во окото што предизвика сериозно крварење. Веднаш го испративме кај офтамолог, кој по прегледите нé информираше дека повредата не е сериозна“, изјави клупскиот доктор на Фенербахче.

Поранешниот фудбалер на Феенорд, Арсенал и Манчестер Јунајтед во еден дуел доби силен удар во левото око, што предизвика обилно крварење и страв дека видот на левото око му е загрозен. Сепак, дополнителните прегледи покажале дека повредата не е сериозна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рамос откри зошто сакал да си оди од ПСЖ: Во Милан конечно имам простор

Португалскиот напаѓач побарал заминување уште во јануари, но ПСЖ го задржал до летото. Во …