
Париз Сен Жермен е на чекор од доведување на еден од најбараните млади голмани во Европа. Францускиот шампион испрати официјална понуда до Парма вредна 33 милиони евра за јапонскиот чувар на мрежата Зион Сузуки и моментално е во најдобра позиција за реализација на трансферот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако Јувентус долго време важеше за главен фаворит за потписот на репрезентативецот на Јапонија, ПСЖ во последните денови ја презеде иницијативата. Челниците на клубот од Париз испратија конкретна понуда, а Парма е подготвена да продолжи со преговорите и да го приведе трансферот до крај.
Парижаните, покрај финансиските услови, му претставија на Сузуки и спортски проект во кој би имал важна улога во наредните сезони.