Дома Фудбал Нова ѕвезда на Реал дебитираше со број кој му е забранет во Ла Лига и Лигата на шампионите

Нова ѕвезда на Реал дебитираше со број кој му е забранет во Ла Лига и Лигата на шампионите

Реал Мадрид вчера ги отвори подготовките за новата сезона против Фиорентина, а дебитантскиот настап во дресот на кралскиот клуб го забележа холандскиот репрезентативец Дензел Думфрис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новото засилување на Мадридците се најде во стартната постава на Жозе Мурињо, но не на позицијата десен бек на која стекна репутација како еден од најдобрите играчи во светот, туку значително поофанзивно, речиси во улога на десно крило.

Очигледно Португалецот планира максимално да ги искористи физичките предиспозиции и напаѓачките квалитети на Думфрис, па веќе при неговото прво појавување одлучи да експериментира со позицијата.

Сепак, освен позицијата на теренот, вниманието на навивачите го привлече и бројот на неговиот дрес. Думфрис настапи со бројот 33, кој нема да може да го користи кога ќе започнат натпреварувањата во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Според правилата на шпанското првенство, играчите од првиот тим мораат да носат броеви од 1 до 25, така што Холанѓанецот пред почетокот на сезоната ќе мора да избере нов број.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкомпјутерот го предвиде новиот шампион на Премиер лигата!

Според најновите статистички модели и компјутерски симулации, Арсенал е главен фаворит за …