
Ливерпул е подготвен да започне преговори со Пари Сен Жермен за можен трансфер на Брадли Баркола, пренесува Press Association.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
23-годишниот фудбалер се приклучи на парижаните од Олимпик Лион за 45 милиони евра во 2023 година и беше дел од двата последователни триумфи на тимот во Лигата на шампионите.
Ливерпул е заинтересиран да го донесе Баркола на “Енфилд”, а цената на францускиот репрезентативец е 170 милиони евра. Засега управата на “црвените” смета дека ќе плати значително помала сума за трансферот на напаѓачот.
Баркола постигна 3 гола за Франција на Светското првенство 2026 ова лето, а моментално е на одмор пред почетокот на новата сезона на клупско ниво. Ливерпул е на предподготвителниот период во САД, каде одигра два контролни натпревари, победувајќи го Сандерленд со 4:2 и Рексам со 1:0.
Во новата сезона Ливерпул ќе биде воден од менаџерот Андони Ираола.