
Членот на надзорниот совет на Баерн (Минхен) и почесен претседател на Баварците, Ули Хенес, категорично ја отфрли можноста за продажба на било кој од тројката напаѓачи Михаел Олизе, Хари Кејн и Луис Дијас. Тој исто така го коментираше новото засилување на тимот Исмаел Сајбари.
„Договорот на Кејн го продолжуваме? Не сум зборувал директно со Хари по тоа прашање, но слушнав дека е пресреќен во Минхен. Исто така, ние сме многу задоволни од него и навистина нема причина да си замине следната година. Барем јас не гледам причина за тоа. Тој е вистински пример за подражавање во секоја смисла на зборот. Не само како голгетер, туку и како играч на теренот, и како личност.
Да го продадеме Кејн, Дијас или Олизе? Зошто би го направиле тоа? Би биле луди! Трошиш 60-70 милиони евра, добиваш можеби 120 милиони евра и потоа трчаш по други играчи, без ни да знаеш како ќе се вклопат во тимот. Имаме среќа да го имаме најдоброто трио на светот: Дијас, Кејн и Олизе. Исмаел Сајбари сигурно ќе го засили овој тим. Би било крајно лудо дури и да размислуваме за продажба на некој од нив“, рече Хенес.