
Реал Мадрид постигна договор со Леванте за трансфер на напаѓачот Карлос Еспи (21), соопштија двата клуба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дваесет и едно годишниот шпански фудбалер потпиша договор до летото 2031 година и кариерата ќе ја продолжи на Сантјаго Бернабеу.
Еспи во договорот со Леванте имаше откупна клаузула од 25.000.000 евра.
Младиот напаѓач ги помина младинските категории на Леванте, каде што пристигна во 2022 година, за првиот тим дебитираше во февруари 2024 година, додека првиот настап во Примера го запиша во август 2025 година.
Во сезоната 2024/25 постигна седум голови на 38 натпревари во Сегунда, а минатата сезона забележа 11 погодоци на 25 натпревари во Примера. За првиот тим на Леванте вкупно одигра 66 натпревари и постигна 20 голови.