Дома Фудбал УЕФА брзо одлучи: Европа нема да е дел од приватниот Мундијал на Инфантино!

УЕФА брзо одлучи: Европа нема да е дел од приватниот Мундијал на Инфантино!

Истиот новинар кој ги откри намерите на Џани Инфантино да го комерцијализира популарното Светско првенство на ФИФА, овој четврток доаѓа со нова ексклузива.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Англија заедно со другите европски членки на УЕФА ќе бојкотираат натпреварувања под капата на ФИФА ако Џани Инфантино продолжи со планот да продаде удели во Светското првенство на приватни инвеститори“, пишува Мартин Зиглер во новото издание на англискиот магазин „The Times“ и додава:

„На кризен состанок преку видео-конференција, на кој учествуваа претставници од сите 55 членки на УЕФА, донесена е одлука со огромна важност за контроверзниот план на Инфантино“, стои во извештајот.

Одлуката е донесена на 60-годишнината од единствената победа на Англија на Светското првенство во 1966 година, со што авторот предвидува дека таа ќе го загрози проектот на Инфантино. Тој исто така потсетува дека претседателот на ФИФА побара од сите национални федерации да го прифатат предлогот до 19-ти септември или ќе се соочат со финансиски последици.

„Можноста машките и женските светски првенства како и другите натпреварувања на ФИФА да се одржуваат без европски репрезентации би значела крај на целиот проект. Инвеститорите нема да бидат заинтересирани за натпреварување без учество на најдобрите селекции во светот“, открива Зиглер и продолжува:

„Состанокот на УЕФА беше предводен од нејзиниот претседател Александар Чеферин, а одлуката се смета како еден од можеби најзначајните моменти во бурната историја на ФИФА“.

Според некои процени, УЕФА генерира 70 проценти од приходот на ФИФА. Играчите што блескаат на Светските првенства првично се истакнуваат во Лигата на шампионите и националните европски лиги, па затоа во Нион одлучија да му оневозможат добивка на Инфантино, не сакајќи парите заработени во европските натпреварувања и најсилните лиги да завршат во рацете на инвеститори блиски до Доналд Трамп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И ФФМ се огласи за скандалозниот план на Инфантино!

По денешната рекација на УЕФА во која јасно стави до знаење дека Европа не го поддржува пл…