Дома Фудбал Продолжува „чистката“ на Мурињо: Уште еден фудбалер се подготвува за заминување!

Продолжува „чистката“ на Мурињо: Уште еден фудбалер се подготвува за заминување!

Франко Мастантуоно тешко ќе добие голем број минути во дресот на Реал Мадрид и во тој клуб размислуваат за најдобрите опции кога е овој момче во прашање.

Најреално е позајмица и тоа ќе се случи, според сите показатели, прашање е само каде.

Се спомна потенцијално враќање во Ривер, но тоа беше отфрлено бидејќи во Мадрид сакаат Мастантуоно да игра во посилна лига, односно да остане во Европа.

Тој имаше и еден состанок со Мурињо каде му беше кажано дека најдобро за него би било да побара средина за една година каде ќе игра редовно и ќе биде еден од носителите на играта.

Каде би можел?

Во Италија има сериозен интерес од страна на Комо, Фиорентина, Рома, па дури и Милан, а од Англија има интерес од Фулам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем повторно го мерка Гуири, но прво мора да ослободи место во нападот

Амин Гуири останува опција за Тотенхем во јануари, но евентуалното заминување на Ришарлисо…