Дома Фудбал ВАР многу брзо ќе има и во Штип, Брегалница сака во вечерен термин да игра со Арсими!

ВАР многу брзо ќе има и во Штип, Брегалница сака во вечерен термин да игра со Арсими!

Брегалница информираше дека имплементацијата на ВАР-системот на стадионот „Градски“ во Штип е во завршна фаза и дека инсталацијата се одвива според предвидената динамика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од штипскиот клуб соопштија дека паралелно работат и на подобрување на инфраструктурата околу стадионот, каде што се асфалтира просторот зад новата трибина, се уредува паркингот и пристапот за автобусите на гостинските екипи. Воедно, посочуваат дека тревникот е во одлична состојба и редовно се одржува според професионални стандарди.

Раководството на Брегалница испратило и барање до Фудбалската федерација на Македонија натпреварот од второто коло во Првата македонска фудбалска лига против Арсими да се игра во вечерен термин под рефлектори, а очекува одговор во наредните денови.

Во клубот најавуваат и засилувања, откривајќи дека неколку фудбалери моментално се на проба, а нивните евентуални потписи ќе бидат официјално објавени преку клупските канали.

Комплетниот брифинг од Брегалница прочитајте го – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве како Олисе ги полни батериите за новата сезона: На луксузна јахта и со многу девојки (Видео)

Францускиот репрезентативец и фудбалер на Баерн, Мајкл Олисе, ја користи летната пауза за …