Дома Фудбал Итен состанок во УЕФА поради скандалозниот план на Инфантино, ќе се зборува и за бојкотот!

Итен состанок во УЕФА поради скандалозниот план на Инфантино, ќе се зборува и за бојкотот!

УЕФА денеска попладне организира итен состанок на кој ќе се донесе конечна одлука за контроверзниот план на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за продажба на дел од Светското првенство на приватни инвеститори преку компанијата „FIFA Forward Enterprise“. Според овој предлог, ќе се продаде од 20 до 30 проценти од организацијата, а Инфантино ветува дека секоја од 211 членки под ФИФА ќе добие значителни суми ако го поддржат овој потег.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Крајниот рок за давање одговор е 19 септември, но веќе денес се очекува УЕФА да го отфрли овој предлог.

„Дознаевме дека ФИФА ги принудила сојузите да дадат поддршка или понудата за еднократна исплата ќе биде повлечена. Тоа е сè што треба да се знае за овој план“, изјавиле од УЕФА.

Состанокот денес ќе се одржи онлајн, а една од најрадикалните мерки е потполн бојкот на Светското првенство, односно недозволување учество на европските репрезентации.

Проблем за УЕФА претставува тоа што има члeнка – Чешка, која се согласува со предлозите на Инфантино.

„Ги гледаме прагматичните придобивки за чешкиот фудбал“, изјавил претседателот на Чешката фудбалска федерација, Давид Трунда.

Сепак, денес се очекува УЕФА јасно и одлучно да го отфрли планот на Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси го потврди големото засилување во одбраната!

Максенс Лакроа е новото засилување во редовите на Челси. Како ПАМЕТНО да типувате на World…