Дома Фудбал Шокантна приказна на ѕвездата на Арсенал: Испратил 30.000 евра на девојка да дојде кај него, а таа завршила на – Балканот!

Шокантна приказна на ѕвездата на Арсенал: Испратил 30.000 евра на девојка да дојде кај него, а таа завршила на – Балканот!

Напаѓачот на Арсенал, Виктор Ѓокерес, имаше многу непријатно искуство, барем ако им се верува на некои интернет портали.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според одредени извори, шведскиот репрезентативец наводно бил измамен откако испратил 30.000 евра до модел на Инстаграм за да дојде во Лондон.

Имал план да се позабавува. Меѓутоа, наместо да патува во Англија, девојката наводно парите ги искористила за патување во Грција.

Како што се тврди, моделот му испратила фотографија на Ѓокерес која требала да покаже дека е пат кон Лондон, но подоцна наводно се испоставило дека тоа е лажна објава.

Ѓокерес, според истите информации, се обидел случајот да го задржи подалеку од јавноста, но приказната наводно излегла на површина откако девојката на своите пријатели им раскажала за инцидентот.

Ова не е првпат приватниот живот на шведскиот напаѓач да се најде во центарот на вниманието на јавноста. Претходно имало гласини кои го поврзуваа со популарната инфлуенсерка Софи Раин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси го потврди големото засилување во одбраната!

Максенс Лакроа е новото засилување во редовите на Челси. Како ПАМЕТНО да типувате на World…