
Поранешниот капитен на Ливерпул Џордан Хендерсон постигнал договор за две години со Челси, објави трансфер-експертот Фабрицио Романо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Малку порано денес беше објавено дека играчот од средниот ред бил ослободен од неговиот претходен клуб Брентфорд и е слободен да потпише со „сините“ како слободен агент. Договорот на Хендерсон ќе биде на две години до летото 2028.
Привлекувањето на Џордан Хендерсон е дел од изменетата стратегија на лондончаните за привлекување на поискусни фудбалери, кои ќе го помогнат развојот на помладите во тимот и внесувањето на повеќе лидери во соблекувалната, додека верувањето на Чаби Алонсо е дека токму на овој начин ќе се освојуваат трофеи.
Порано денес стана јасно дека од „Стемфорд Бриџ“ се договориле со колегите од Брајтон за трансферот на Дани Велбек. 36-годишниот Велбек, исто така, треба да помогне со своето искуство во офанзивниот план. Не е јасно каква сума ќе платат „сините“ за нападателот на „чајките“.